Пријава за ексградоначалникот на Ново Село, си изготвил патен налог по истекот на мандатот | Правдико

Правдико

   

Пријава за ексградоначалникот на Ново Село, си изготвил патен налог по истекот на мандатот

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство – Струмица поднесе кривична пријава против  поранешниот градоначалник на општината Ново Село, Блажо Велков (53), кој според полицијата, невластено го користел службеното возило по престанокот на мандатот и сам си на изготвил патен налог, по што со сопругата заминал за Скопје.

Според МВР, тој направил две кривични  дела – „послужување во службата“ и „посебни случаи на фалсификување исправи“.  На 18 октомври неовластено се послужил со моторното возило сопственост на општина Ново Село,  возило кое како претходен градоначалник му било доверено на користење за службени потреби. Иако знаел дека му престанал мандатот како градоначалник на општина Ново Село, истиот ден кога му е врачено уверение на новиот градоначалник на општина Ново Село одбил да изврши примопредавање на службеното возило, притоа  изготвувајќи си налог за патување со службено возило. Без оглед што немал повеќе овластување како градоначалник  со возилото, заедно со неговата сопруга заминал за Скопје за свои приватни потреби.

„Од страна на СВР Струмица преземени се мерки  за утврдување на наводите во пријавата, по што од страна на полициски службеници  пред влезот во Струмица, кај бензинската пумпа ‘Лукоил’, било запрено возилото сопственост на општина Ново Село, управувано од страна на пријавениот, а како совозач била затекната неговата сопруга, која со нејзиниот  мобилен  телефон неовластено снимала. Од страна на полициски службеници по наредба на ОЈО- Струмица, возилото – сопственост на општина Ново Село, и мобилниот телефон од совозачот со потврда за привремено одземени предмети  се одземени  и  фотографирани“, соопшти МВР.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико