Пријава за поранешниот градоначалник на Василево поради незаконско вработување | Правдико

Правдико

   

Пријава за поранешниот градоначалник на Василево поради незаконско вработување

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Струмичката полиција поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Василево поради злоупотреба на службената положба и овластување.

Според СВР Струмица, 51-годишниот Ване Стојанов од село Едрениково, како градоначалник на општина Василево, на 25 јуни 2010 година изготвил решение за вработување на Г.Ц. на работно место референт во администрацијата на Општината Василево. Но, притоа не бил извршен увид во доставената документација на кандидатот и покрај тоа што знаел дека е без соодветно образование, соопшти МВР.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико