Пријава за струмичанец кој со лажен профил на Фејсбук ,,Андон Ќосето” му се заканувал на премиерот | Правдико

Правдико

   

Пријава за струмичанец кој со лажен профил на Фејсбук ,,Андон Ќосето” му се заканувал на премиерот

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Полицијата поднесе кривична пријава против струмичанец кој преку лажен профил на „Фејсбук“ му се заканувал на премиерот Зоран Заев и на неговото семејство. Тој ќе одговара за загрозување на нивната сигурност.

Како што информира МВР, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесел кривична пријава против 33-годишниот Д.П. од село Мокрино, Струмичко, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело ,,загрозување на сигурноста“.

Тој со употреба на корисничко име „Andon Koseto“ на социјалната мрежа „Фејсбук“ споделил објава со чија содржина упатил закана кон премиерот и неговото семејство.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико