Пријавени три случаи со исчезнати малолетници | Правдико

Правдико

   

Пријавени три случаи со исчезнати малолетници

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Вчера во МВР биле пријавени три случаи со малолетни лица кои се оддалечиле од својот дом.

Педесет и тригодишниот И.А. во полициската станица „Бит-пазар“ пријавил дека пред три дена  неговиот 10-годишен син се оддалечил во непознат правец. Уште еден татко пријавил дека вчера во 20 часот во непознат правец се оддалечила неговата 16-годишна ќерка.

Третиот случај со малолетник по кој се трага бил пријавен вчера во полициската станица „Гази Баба“. Од установата „Ранка Милановиќ“ пријавиле дека пред два дена 12-годишен штитеник од установата самоволно се оддалечил во непознат правец и не се вратил.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико