Пријавете се на обука на тема „Притвор пред судење од аспект на член 5 од ЕКЧП“
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Адвокатската комора на Република Македонија во соработка со Балканската регионална мрежа за владеење на правото (BRRLN) организираат заедничка обука на тема “Притвор пред судење од аспект на член 5 од Европската конвенција за човекови права”.
Обуката ќе се одржи на ден 24 декември 2015 година /четврток/, од 10.00 – 14.00 часот, во просторијата на Адвокатска комора на Република Македонија во Апелационен суд Скопје /1 кат, просторија 43/.
Сите заинтересирани адвокати кои сакаат да земат учество на наведената обука, задолжително да се пријават во Адвокатска комора на РМ, на маил. lawyermk@mba.org.mk.