Правдико

   

Пријави за влијание од раководни кадри врз администрацијата во предизборниот период

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

img_3696Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со дополнителниот заменик министер  за информатичко општество и администрација  Александар Кирацовски.  На средбата дополнителниот заменик министер Кирацовски му предаде на министерот Спасовски документи добиени од вработени во администрацијата преку веб страница што Кирацовски ја отворил за пријавување злоупотреби во предизборниот период.

Според Кирацовски, овие документи содржат јасни индиции дека  раководни кадри во институциите ја злоупотребиле службената положба за партиски цели со тоа што влијаеле врз вработени во администрацијата да присуствуваат на партиски митинзи и да го дадат својот глас за одредена партија на изборите на 11 декември. Министерот Спасовски ги прими документите и истакна дека Министерството за внатрешни работи ќе пристапи кон проверка на индициите наведени во документите и ќе постапи согласно своите надлежности.

Партнери на Правдико