Правдико

   

Пријавувајте ги сите добвики од игри на среќа над 5000 денари

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

ujpПриходите кои како граѓанин ги остварувате, во земјата и во странство, се оданочуваат со персонален данок на доход (ПДД). Даночната стапка по која се пресметува персоналниот данок е 10%. Обврзник на данокот на доход е секое физичко лице резидент на Република Македонија за доходот што го остварува во земјата и во странство.

Според Законот за персоналниот данок на доход, должни сте секоја  добивка остварена од општите игри на среќа во износ поголем од 5.000 денари, да ја пријавите во Годишната даночна пријава. Основа за пресметување на данокот кај игрите на среќа претставува износот на поединечната исплата на добивката.

По исклучок, основа за пресметување на данокот кај игрите на среќа во обложувалница претставува износот на поединечната исплата на добивката намален за износот на поединечната уплата врз основа на која е остварена добивката. Ако добивката од игри на среќа се состои од предмети, основа на данокот претставува пазарната вредност на предметите во моментот на остварувањето на добивката.

Доколку поединечната исплатена добивка е помала од 5.000 денари не се плаќа персонален данок.

Годишната даночна пријава можете да ја превземете ТУКА

Рокот за поднесување е 15-ти март.

Поврзани статии:

– (Видео) Водич за пополнување на годишна даночна пријава за персоналниот данок на доход

– Пријавување и ослободување на персонален данок на доход

– Брошура за годишна даночна пријава за утврдување на персоналниот данок на доход

– Поднесете Годишна даночна пријава за персонален данок на доход- казни од 500 до 1000 евра

Партнери на Правдико