Пријавување на адвокати за обезбедување на бесплатна правна помош во постапките за признавање право на азил | Правдико

Правдико

   

Пријавување на адвокати за обезбедување на бесплатна правна помош во постапките за признавање право на азил

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Врз основа на член 40 од Законот за бесплатна правна помош („Службен весник на РСМ“ бр.101/19 од 22.05.2019 година), Министерството за правда информира за:

ПРИЈАВУВАЊЕ НА АДВОКАТИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ ВО ПОСТАПКИТЕ ЗА ПРИЗНАВАЊЕ ПРАВО НА АЗИЛ

  1. ПРЕДМЕТ

-Пријавување на адвокати за обезбедување бесплатна правна помош во постапките за признавање право на азил во Република Северна Македонија, а кои се регистрирани за давање бесплатна правна помош во регистарот на Министерството за правда.

Наведеното пријавување се спроведува согласно член 40 од Законот за бесплатна правна помош.

  1. ЦЕЛ

-Составување на специјализирана листа на адвокати од страна на Министерството за правда, кои ќе обезбедуваат правна помош во постапките за признавање на право на азил.

  1. ПРАВО НА ПРИЈАВУВАЊЕ

-Право на пријавување имаат сите адвокати кои се регистрирани во регистарот на адвокати за давање на бесплатна правна помош во Министерството за правда.

  1. НАЧИН И РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

-Сите адвокати кои се заинтересирани да обезбедуваат бесплатна правна помош и да бидат заведени во листата на адвокати за давање правна помош во постапките за признавање право на азил, ќе биде потребно да се пријават по електронски пат на следната електронска адреса ZurijaMemedova@mjustice.gov.mk  со наведување на следниот предмет на пораката: “Пријавување за давање правна помош во постапка за азил“ во рок од 15 дена од денот на објавување на оваа информација.

Прашања за појаснување може да се постават по електронски пат на погоренаведените електронски адреси.

МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА

Партнери на Правдико