Пријавување на брак и издавање на Извод од матична книга на венчани
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Опис: Во матичната книга на венчаните се запишуваат податоци за склучување на бракот, име и презиме на родителите на брачните другари; име и презиме и живеалиште на сведоците при склучувањето на бракот, име и презиме на службеното лице пред кое е склучен бракот и име и презиме на матичарот, поништување на бракот или престанување на бракот, име и презиме и живеалиште на полномошникот ако при склучувањето на бракот едниот другар го застапувал полномошник и промени на името и презимето на брачните другари.
Орган што ја издава: Изводот од матична книга на венчани го издава Управата за водење на матичните книги.
За пријавување на брак и издавање на извод од матична книга на венчани
Потребна документација:
1. Лична карта или пасош (за идентификација)
2. Извод од матична книга на родени од идните брачни другари
3. Барање за извод од матична книга на венчани
4. 100 ден. административна такса (Уплатница)
5. Уплата од 50 ден. на жиро-сметката на Управата за водење на матичните книги (Уплатница)
НАПОМЕНА: За странски државјанин потребни се: Копија од пасош, уверение за слободна брачна состојба и потврда дека не постојат законски пречки за странецот да склучи брак во Република Македонија (доколку матичната држава не издава потврда дека не постојат законски пречки за склучување на брак, потребно е да се издаде документ со кој потрврдуваат дека не ја издаваат истата).
За издавање на извод од матична книга на венчани
Потребна документација:
1. Лична карта или пасош (за идентификација)
2. Барање за издавање на извод од матична книга на венчани
3. 100 ден. административна такса (Уплатница)
4. Уплата од 50 ден. на жиро-сметката на Управата за водење на матичните книги (Уплатница)
Погледнете ја Листата со ознака на општините
( Можност и за безготовинско плаќање)
Рок на важење: 6 месеци