Пријавување за Адвокатските спортски игри
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Да продолжиме во духот на спортската култура и да ги одржиме деветтите по ред Адвокатски спортски игри, со екипни натпревари во дисциплините фудбал, кошарка,куглање, шах, пинг-понг, влечење јаже и други.
Оваа година Адвокатските спортски игри на ниво на Република Македонија ќе се одржат во деновите 11-12 октомври 2014 година, во хотел Дрим во Струга.
Предвидено е започнување со спортскиот дел во сабота (11 октомври) во 12,00 часот.
Сите заинтересирани учесници да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија најдоцна до 01 Октомври 2014 година, на е-маил. lawyermk@mba.org.mk или на телефон 02 / 3165 409 и 02 / 3212 452.
Учесниците плаќаат котизација во висина од 1.200 денари, а остатокот од вкупната цена која содржи ноќевање и полн пансион го покрива Адвокатската комора на Република Македонија.
Извор: Адвокатска комора на РМ