Прилепчанец ја силувал невенчаната сопруга на брат му која била дваесет години постара | Правдико

Правдико

   

Прилепчанец ја силувал невенчаната сопруга на брат му која била дваесет години постара

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Прилепчанец ја претепал и ја силувал невенчаната сопруга на неговиот брат.

siluvanje-61707

Во понеделникот вечерта, половина час по полноќ, триесетгодишен жител на прилепско село зел автомобил „голф 4“, во сопственост на негов соселанец и отишол во плевната каде неговиот педесетгодишен брат и неговата две години постара невенчана сопруга чувале стока.

Кога неговиот брат излегол, насилникот ја удрил жената и насилно ја внел во возилото по што заминале по стариот пат од Прилеп кон Велес.

Во текот на патувањето истиот постојано ја удирал жената, а во еден момент возилото се расипало и застанале. Насилникот излегол од возилото и повторно неколку пати ја удрил жената во пределот на главата и истата ја силувал на предното седиште од возилото.

Потоа заедно отишле во објектот на една фирма каде од чуварот побарал мобилен телефон за да се јави на неговиот брат. Откако разговарал со братму заминал во непознат правец, а жената останала во објектот. Таа му кажала за настанот на својот сопруг, по што тој телефонски пријавил во ПС- Прилеп. Увид бил извршен. Се преземаат мерки за пронаоѓање на осомничениот и за целосно расчистување на случајот

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико