Правдико

   

Прилепското обвинителство поднесе обвинителен акт за полов напад врз дете

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

По сеофатна истражна постапка и прибирање на доказен материјал, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство – Прилеп до Основниот суд – Прилеп поднесе обвинителен акт против едно лице што се гони за сторено кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од чл.188 ст.1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, во јули годинава, во парк во кругот на ЈЗУ Здравствен дом – Прилеп заради задоволување на полови страсти, извршил полови дејствија врз петгодишно дете. По пријава од вработените во здравствениот дом обвинетиот беше лишен од слобода и против него се водеше истражна постапка. За кривичното дело за кое се товари обвинетиот е запретена затворска казна во времетраење од најмалку 12 години.

Во исто време поднесен е и предлог за продолжување на мерката притвор спрема обвинетиот.

Партнери на Правдико