Пример како не треба да изгледа оглас за вработување | Правдико

Правдико

   

Пример како не треба да изгледа оглас за вработување

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Огласот ни беше испратен од страна на наш читател, при што решивме да ви го претставиме како пример за тоа како НЕ треба да изгледа оглас за вработување и кои податоци треба да ги содржат огласите со новите измени во Законот за Работни односи.

Screenshot_8

 

Ова е лош пример како компаниите треба да ги објавуваат огласите за вработување. Овој оглас е во спротивност на Законот за работни односи во поглед на информациите  кои ги даваат за работното место и условите кои ги поставуваат за потенцијалните кандидати.

Кај овој оглас постои кршење на член 24 од ЗРО во однос на полова еднаквост при објавување на слободни работни места. Барањето на работодавачот, кандидатот за вработување да е исклучиво од еден пол би било оправдано само доколку  определениот пол е неопходен услов за вршење на работата .

Во овој случај тоа е сосема недозволено  и е спротивно на член 24 од ЗРО став 2 каде јасно се нагласува дека објавувањето на слободното работно место не смее да сугерира дека работодавачот дава кај вработувањето предност на определен пол… Сведоци сме на огромен број на огласи од ваков тип, кои можат многу лесно да се поништат. Но што е потребно да содржи огласот за вработување според новите измени на Законот за работни односи?

Согласно новите измени кога работодавачот вработува работници по пат на јавен оглас, должен е во јавниот оглас да наведе:

– назив на работното место;

– условите што се барат за вршење на работата;

– почетокот и завршетокот на дневното и неделното работно време;

– распоредот на работното време;

– паричниот износ на основната нето плата за работното место за кое се бара работник;

– рокот за пријавување, кој не сме да биде пократок од пет работни дена;

– рокот во кој ќе се изврши избор и

– точни податоци за работодавачот (назив, седиште, телефон, лице за контакт и адреса за доставување на апликаците).

–ПРАВДИКО–

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико