Прирачник за административните процедури во управна постапка во областа на урбанизмот | Правдико

Правдико

   

Прирачник за административните процедури во управна постапка во областа на урбанизмот

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Screenshot_6Прирачникот има цел, преку презентација на постојната законска и подзаконска рамка од областа на планирањето и уредувањето на просторот, да придонесе за подобро разбирање на суштината на процесите кои се обврска на локалната самоуправа. Целосното разбирање и согледување на обемот и на суштината на обврските што произлегуваат од законската рамка овозможува и соодветно организирање на администрацијата во локалната самоуправа, што води кон поголема ефикасност и кон зголемување на квалитетот на услугите.

Процесите на планирањето и уредувањето на просторот се комплексни и бараат добро познавање на голем корпус на законски и подзаконски акти. Треба да се нагласи дека планирањето и уредувањето на просторот бара и континуирана соработка со голем број организации и институции од Републиката кои, во помала или во поголема мера, се дел од постапките. Законот за локална самоуправа, како системски закон, во членот 22 став 1, ги наведува надлежностите на локалната самоуправа од областа на урбанизмот и градежништвото, и тоа: Урбанистичко (урбано и рурално) планирање, издавање на одобрение за градење на објекти од локално значење утврдени со закон, уредување на просторот и уредување на градежното земјиште. Законот за просторно и урбанистичко планирање, Законот за градење, Законот за градежно земјиште, Законот за експропријација, Законот за животна средина, Законот за земјоделско земјиште и подзаконските акти што произлегуваат од нив детално ги уредуваат обврските на локалната самоуправа во областа на урбанизмот и градежништвото.

Во овој Прирачник се обработуваат административните процедури и активности од управната постапка што се преземаат од страна на општинската администрација за остварување на надлежностите во областа на урбанизмот и градежништвото.

Целото издание можете да го превземете ТУКА

Партнери на Правдико