Правдико

   

Прирачник за безбедност на новинарите за време на настани со висок ризик

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Овој прирачник е дел од активностите што од почетокот на 2018 година заеднички гизапочнаа и ги водат Здружението на новинарите (ЗНМ), Министерството за внатрешни работи (МВР) и Мисијата на ОБСЕ во Скопје поради честите физички и вербални напади на кои беа изложени новинарите, фоторепортерите и медиумските работници при извршување на своите професионални задачи.

ЗНМ и МВР заеднички соработуваат во градењето на институционален механизам за превенција и за казнување на насилството врз новинарите преку регистрирање на овие случаи, но и преку подигнување на свеста пред надлежните институции и пред јавноста. Овој прирачник има цел да послужи во идентификување на ризиците и за избегнување на нападите и притисоците со кои се соочуваат новинарите, особено при известување од настани со висок ризик. Понатаму, Прирачникот служи да ги појасни процедурите и законските надлежности на Министерството за внатрешни работи (МВР), но и на Јавното обвинителство (ЈО) сè со цел да се обезбеди поголема заштита на новинарите.

Освен тоа, Прирачникот нуди практики и искуства на ЗНМ и на други меѓународни граѓански и политички организации од превенцијата на напади и притисоци кон новинарите.

Целото издание можете да го превземете ТУКА

Партнери на Правдико