Правдико

   

Прирачник за имплементација на конвенцијата за правата на детето во единиците на локалната самоуправа

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Прирачникот за комисиите за правата на децата во единиците на локална самоуправа, произлезе од активностите спроведени во рамките на проектот “Под дршка на децентрализацијата низ перспективата на социјалниот развој и благосостојбата на детето“. Проектот претставува сублимиран резултат на соработката и ангажманот на шест општини во  Македонија(Кочани, Струмица, Радовиш, Битола, Гостивар и Сарај).

Проектот имаше за цел да им помогне на локалните власти во развивањето механизми и стратегии за соодветна имплементација на Конвенцијата за правата на детето, односно градење општина во која ќе се применуваат стандардите на Конвенцијата. Проектот немаше за цел создавање нови обврски и задолженија за носителите на локалната власт, туку поддршка во градењето капацитети за остварување на постојните. Проектните активности требаше да обезбедат, избраните претставници во локалните заедници да стекнат знаења и вештини што ќе им помогнат во градење модел којшто ќе понуди институционални, нормативни и практични решенија за остварување на преземените обврски и кој ќе може да биде понуден на останатите општини во Македонија.

Прирачникот е изработен врз основа на рамката за акција промовирана од страна на УНИЦЕФ под насловот: “Градење на градови пријателски за децата“.

Целото издание можете да го преземете ТУКА

Партнери на Правдико