Прирачник за интегритет и судир на интереси
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Овој Прирачник, подготвен од Државната комисија за спречување на корупцијата во рамките на активностите за градење системи на интегритет, спроведени во соработка со Програмата за равој на Обединетите нации (УНДП), Ви е наменет Вам, независно дали сте избран или наименуван функционер, државен или јавен службеник, друго службено лице или граѓанин кој нема таков статус.
За корупцијата и судирот на интереси се зборува многу повеќе од порано и тоа е сосема добро. Тоа значи дека проблемот со овие крајно штетни општествени појави се помасовно се сфаќа како таков. Но, дали секој знае што точно може да се подразбере под поимите корупција и судир на интереси, кои се нивните појавни форми, како да се препознаат, што треба да се прави кога било директно или индиректно, сакајќи или не сакајќи сте вклучени во проблемот, кому да се обратите, што треба вие да направите а што да очекувате од надлежните органи?
Суштинското прашање е како да се изгради потребниот капацитет кај институциите и поединците во нив, во секојдневното однесување да манифестираат антикорупциски интегритет што во основа значи отпорност и оспособеност за ефикасно спречување на корупцијата на долгорочни основи.
Целото издание можете да го превземите ТУКА