Прирачник за измена на договори и зголемување на цени во договори за јавни набавки | Правдико

Правдико

   

Прирачник за измена на договори и зголемување на цени во договори за јавни набавки

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во идеални околности, договор за јавна набавка се извршува во согласност со тендерската документација и избраната понуда. Договорните односи, генерално, подлежат на измени како минува времето, како и поради менување на околностите, а договорите за јавни набавки не подлежат ништо помалку на промени од другите договори во правниот систем, но правилата со кои се регулираат измените на договорите за јавни набавки значително се разликуваат од класичните договори од трговското право или управното право.

Со Законот за јавни набавки на Република Северна Македонија („Службен весник на РСМ“, бр. 24/19, 87/21; во понатамошниот текст: ЗЈН), како lex specialis, а во согласност со основните принципи кои се воспоставени со важечките директиви со кои се регулира областа на јавни набавки, се потврдува примената на основниот принцип pacta sunt servanda (договорите мора да се почитуваа) кога станува збор за извршување на договорите за јавни набавки. Со други зборови, основното правило кое се применува и во јавните набавки е дека договорните обврски од договорите за јавни набавки треба да се извршуваат онака како што се првично договорени, а во согласност со одредбите од тендерската документација и од договорите, додека исклучоците од овој принцип пропишани во важечкиот ЗЈН треба да се толкуваат рестриктивно, притоа земајќи ги предвид околностите на секој поединечен случај.

Целото издание можете да го погледнете ТУКА

Партнери на Правдико