Прирачник за клевета и навреда | Правдико

Правдико

   

Прирачник за клевета и навреда

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Screenshot_1Слободата на изразување е многу тесно поврзана со слободата на медиумите, односно нема слобода на изразување без слободни медиуми. Така, важноста на медиумите ја согледал уште Наполеон Бонапарта и ја срочил во следната максима: „Новинарот е коректор, цензор, советник, монарх над кралевите, водич на нациите. Четири непријателски весници се пострашен непријател од илјадници бајонети“.

Европскиот суд за човекови права директно ја поврзува слободата на изразување со слободата на медиумите и печатот, на пример во Пресудата Sunday times v. UK, број 2 од 1991 година заклучува дека: „… на печатот му е доделена најшироката можна заштита, вклучувајќи ги тука подготвителните дејства пред самото објавување, како истражувањето и анализите што ги прават новинарите…“. Во многу пресуди, овој Суд потенцира дека: „…улогата на медиумите како куче-чувар (public watch-dog) на јавноста е витална за демократскиот политички процес“. (Пресуда Sunday times v. UK, број 1 од 1979 година). Улогата на медиумите во креирањето на јавното мислење е битна како во политичкиот процес, така и во процесот на„…стимулирање критичка дебата за други прашања од јавен интерес“

Прирачникот можете да го превземете ТУКА

Партнери на Правдико