Правдико

   

Прирачник за компании при инспекциски надзор

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основната цел за носење на новиот Закон за инспекциски надзор е неговата едукативна природа. Така, Законот предвивидува изрекување на алтернативни мерки пред покренувањето прекршочна постапка. Имено, опомената е уредено како мерка пред покренувањето прекршочна постапка, а друга алтернативна мерка е решението, како еден вид наредба за отстранување на утврдените недостатоци и неправилности во определениот рок.

Суштината на Законот произлегува и од самата дефиниција на инспекцискиот надзор – превентивно делување или преземање мерки за спречување или отстранување на последиците врз заштитените добра, права или интереси, како и изрекување инспекциски мерки за отстранување на утврдените неправилности и недостатоци. При спроведувањето на инспекциската постапка, задолжително се применуваат одредбите од Законот за општата управна постапка.

Целото издание можете да го преземете ТУКА

Партнери на Правдико