Прирачник за локални младински совети | Правдико

Правдико

   

Прирачник за локални младински совети

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Овој прирачник е наменет за младите членови на локалните младински совети и вработените во општините и служи како водич за формирање и функционирање на локалните младински совети. Прирачникот опфаќа практични совети, чекори, но и препораки како да се воспостави функционален младински совет во општините во Република Северна Македонија.

Процесот за изработка на овој прирачник започна во 2017 година како заедничка активност на Агенцијата за млади и спорт и Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Целта при отпочнувањето на изработка на овој прирачник беше истиот да препорача унифициран пристап за начинот на формирање, функционирање, избор на членови на Локален младински совет, нивниот мандат, делокругот на работа на членовите на Локалниот младински совет, како и примопредавањето на целокупната работа од членството во заминување на новото избрано членство.

За таа цел, покрај искуството на авторите во работата со формирани локални младински совети во повеќе општини во изминатиот период, Мисијата на ОБСЕ во Скопје во текот на 2017 година, спроведе теренски посети во четириесет општини заедно со авторите на овој прирачник со цел да ги идентификува добрите практики, но и предизвиците во функционирањето на веќе формираните ЛМС (на пример, во некои ЛМС мандатот на членовите беше четири години, а во некои две години).

Во меѓувреме, Собранието на Република Северна Македонија го донесе Законот за младинско учество и младински политики во јануари 2020 година. Прирачникот за локални младински совети е во согласност со Законот за младинско учество и младински политики со тоа што авторите извршија преработка и приспособување на претходната содржина на прирачникот во текот на 2020 година.

Поддршката на младинското учество во развивањето ефективни младински политики и носењето одлуки заедно со институциите е значајно за обезбедување подобар живот на младите и за јакнење на демократските капацитети во нивната заедница. Младите треба да бидат активни и ангажирани затоа што нивното учество го гледаме како дел од решенијата за подобар и побезбеден свет!

Целото издание можете да го погледнете ТУКА

Партнери на Правдико