Прирачник за млади за остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер | Правдико

Правдико

   

Прирачник за млади за остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Целта на овој прирачник е да ги информира младите за основните цели и придобивки од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (ЗСПИЈК), но и да ги упати како да го остварат правото на пристап до информации од јавен карактер. Прирачникот на едноставен начин ги претставува клучните прашања од Законот и го води читателот чекор по чекор низ процесите кои ги регулира. Прирачникот претставува важен ресурс за едукација во неформалното образование на теми поврзани со човекови права, демократија и активни млади. На крајот од Прирачникот може да се најдат практични активности, со цел да им се помогне на младите подобро да го разберат правото на пристап до информации.

Правото на информираност се смета за дел од основниот корпус на човекови права. Основните меѓународни документи за човековите права не го предвидуваат експлицитно правото на информираност, меѓутоа денес е широко прифатено дека ова право е во тесна врска со слободата на говорот. Смислата е во тоа дека правото на информираност е предуслов за слободата на говорот. Во 2009 година Советот на Европа директно го регулираше ова право со Конвенцијата за пристап до службени документи (попозната како Тромсо Конвенција). Конвенцијата стапи на сила во 2020 година, откако беше ратификувана од доволен број на држави и претставува правно обврзувачки меѓународен документ за правото на пристап до информации од јавен карактер.Дополнително, правото на информираност е основна компонента на бројни конвенции и стандарди против корупција.

Целото издание можете да го погледнете ТУКА

Партнери на Правдико