Прирачник за општините и невладините организации за правата на децата | Правдико

Правдико

   

Прирачник за општините и невладините организации за правата на децата

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Screenshot_1Секој човек има право на достоинствен и безбедeн живот, ослободен од немаштија, страв и дискриминација. Човековите права претставуваат систем од правила што треба ова да го обезбеди и за кој луѓето се договориле на меѓународно ниво. Човековите права се базираат на меѓународно прифатени принципи и стандарди. Тоа не значи замена на домашната заштита на индивидуите, туку зацврстување и поддршка на националниот систем и на таа заштита. Државите се основни актери во меѓународното право и тие се одговорни за остварувањето на човековите права. Државите имаат обврска да ги воведат, промовираат, почитуваат и да ги заштитат човековите права на национално ниво. Ратификацијата на меѓународните инструменти за човекови права, овозможува примена на механизмите за мониторинг и контрола, усвоени од меѓународните организации и тела.

Овој прирачник е наменет за работа во единиците на локалната самоуправа и во локалните заедници. Прирачникот може да го користат:

  • градоначалникот и претставниците на Советот на општините, во процесите на планирање, програмирање и одлучување
  • вработените во општините, во јавните претпријатија и установите формирани од страна и во рамките на општините
  • претставници на локалната заедница, во процесот на идентификување на проблемите поврзани со остварувањето на правата на децата и при организирање и изведување иницијативи и активности за решавање на тие проблеми

Целото издание можете да го превземете  ТУКА

Партнери на Правдико