Прирачник за постапување со виртуелни валути во кривични постапки | Правдико

Правдико

   

Прирачник за постапување со виртуелни валути во кривични постапки

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Виртуелните валути стануваат нова реалност не само за финансиските системи, за дигиталниот свет и за нивните корисници, туку и за агенциите за спроведување на законите и за судството. И покрај нивното легитимно постоење и цел, виртуелните валути често се мета на криминалците и се јавуваат како предмети употребени за или настанати од извршување на кривично дело или како имотна корист стекната со извршување на кривични дела, што создава потреба за органите на прогонот да развијат подлабоко разбирање за концептот на виртуелните валути, за нивната употреба и, следствено, за нивната злоупотреба за криминални цели.

Прирачникот за постапување со виртуелните валути во кривични постапки е изработен со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје во рамките на проектот: „Зајакнување на владеењето на правото и човековите права во Северна Македонија“ и во соработка со националната Академија за судии и јавни обвинители. Целта на Прирачникот е двојна: 1) да служи како алатка за националните агенции за спроведување на законите и обвинителството во кривичните постапки кои вклучуваат виртуелни валути и 2) да се користи како алатка за обука за судии и јавни обвинители кои посетуваат обука на Академијата за судии и јавни обвинители.

Целото издание можете да го погледнете ТУКА

Партнери на Правдико