Правдико

   

Прирачник за практиката на Европскиот суд за човекови права за заштита од дискриминација

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

По донесувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација во 2010 година1 и подоцна на новиот во 2019 година (во понатамошниот текст: ЗСЗД), се наметна потребата од создавање правна практика пред домашните механизми за заштита од дискриминација, за да се спроведат одредбите на ЗСЗД во духот во кои се создадени. Имено, ЗСЗД ја гарантира формалната еднаквост признавајќи им на луѓето еднакви права и слободи врз основа на раса, боја на кожа, потекло, национална или етничка припадност, пол, род, сексуална ориентација, родов идентитет, припадност на маргинализирана група, јазик, државјанство, социјално потекло, образование, религија или верско уверување, политичко уверување, друго уверување, попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба, лично својство и општествен статус или која
било друга основа.

Од друга страна, целта на ЗСЗД е да се постигне материјалната еднаквост, што значи дека резултатите и ефектите што произлегуваат од примената на законите,политиките и практиката не треба да бидат дискриминаторски. Токму поради тоа, материјалната (не)еднаквост е показател што упатува на можните  недоследности во однос на примената на законите.

Целото издание можете да го преземете ТУКА

Партнери на Правдико