Прирачник за работнички права | Правдико

Правдико

   

Прирачник за работнички права

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (понатаму: КСС) е национален синдикат кој здружува 11 грански синдикати од областа на енергетика, рудaрство и индустрија, образование, наука и култура, администрација и државна управа, полиција, одбрана, здравство, станбено-деловни и комунални претпријатија, транспорт и врски, поштенски и телекомуникациски оператори и пензионерски синдикат. КСС брои околу 50.000 членови. Во согласност со нашите цели, дејности и активности КСС нуди бесплатна правна помош за своите членови.

Овој прирачник ќе Ви овозможи на полесен и поедноставен начин да се запознаете со Вашите работнички права и обврски, истите да ги заштитите и што е најважно каде да се обратите за да добиете соодветна, навремена и загарантирана правна помош. Прирачникот е наменет за нашите членови, ги опфаќа оние прашања за кои најчесто се бара одговор и има за цел да ги информира за правата и обврските кои произлегуваат од работниот однос. Исто така цел на прирачникот е да ги информира барателите на работа, вработените и работодавачите, за нивните основни права и обврски за време на работниот однос. Овој Прирачник e само еден мал дел од она што претставува работен однос, еден мал поттик за запознавање на правата и обврските кои произлегуваат од истиот, нивно анализирање и појаснување.

Како Конфедерација на слободни синдикати на Македонија сакаме да Ви укажеме дека законските прописи не претставуваат закана и штета за Вас, туку тие се водилка кон сигурноста, егзистенцијата и кон подобар живот, по кој сите копнееме. Нашата цел не е да предизвикаме револт кај Вас, туку да Ве поттикнеме да се почитувате себе си, затоа што почитувајќи се себе си ќе ја добиете и почитта од другите. Секое Ваше противзаконско постапување (пример: прифаќање работа со полно работно време, а пријава на скратено работно време, прифаќање на неисплаќање на регресот за годишен одмор и сл.) значи непочитување кон себе си, непочитување кон другите и општеството.

Целото издание погледнете го ТУКА

Партнери на Правдико