Правдико

   

Прирачник за започнување и водење бизнис

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Идејата за отпочнување со бизнис подразбира поседување капитал за отпочнување со истиот, бизнис план и постоење на пазар, односно потрошувачи. Од правно формален аспект, во Република Македонија за да може да се функционира на пазарот треба да се регистрира фирма, односно правно лице. Основањето фирма во Република Македонија се врши со упис во трговскиот регистар кој се води во Централниот регистар на Република Македонија. Уписот за основањето на фирма во Централниот регистар на РМ се врши исклучиво по електронски пат (Систем за е-регистрација) преку регистрациони агенти.

Регистрационите агенти се трговци поединци или трговски друштва што се регистрирани за вршење на сметководствена дејност, адвокат и адвокатско друштво кои имаат овластување за поднесување пријава за упис преку воспоставениот Систем за е-регистрација. Додека сметководителите може да вршат упис само на трговец поединец, друштво со ограничена одговорност и друштво со ограничена одговорност на едно лице, адвокатите и адвокатските друштва се овластени за електронско поднесување пријава за упис на трговец поединец и пријава за упис на основање на сите форми на трговски друштва.

Целото издание можете да го преземете ТУКА

Партнери на Правдико