Правдико

   

Приштина: Неприфатливо е барањето за апсење на новинарот Бужала

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерот за надворешни работи на Косово, Енвер Хоџај, денеска изјави дека вербалната нота на турската амбасада во Приштина со која се бара преземање санкции против новинарот Берат Бужала е „невообичаена и неприфатлива“.

316253BB2393FE40BF6129CF76CCCBDA

Хоџај додава дека Косово ги почитува слободата на изразување, слободата на печатот и мислењето и смета оти она што го напишал Бужала во врска со обидот за преврат во Турција е „со саркастична содржина и без политички цели“.

– Иако Косово е една една млада и мала држава, сепак има потреба да го чува престижот, гордоста и меѓународниот кредибилитет, да ги штити интересите на своите граѓани, како што е определена да ги зачува добрите односи со пријателските земји, изјави Хоџај за Радио Слободна Европа.

Хоџај ваквите оценки ги даде по вербалната нота на Амбасадата на Турција во Приштина доставена до косовското Министертво за надворешни работи со барање да се преземат казнени мерки против новинарот Бужала, поради неговите сатирични коментари на Фејсбук за неуспешниот обид за воен преврат во Турција.

Извор: Утрински Весник

Партнери на Правдико