Приштина со протестна нота до ЕУ поради нападот на автобусот кој патувал низ Србија
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Косовското министерство за надворешни работи упатило протестна нота до земјите од Европската унија поради нападот над автобус на една косовска туристичка агенција кој патувал низ Србија, пренесуваат косовските медиуми.
„Нападите над Косоварите станаа систематски и преставуваат закана за договорот за слобода на движење кој Белград и Приштина го потпишаа во рамките на дијалогот во Брисел“, се наведува во протестната нота и се повикуваат европските институции, пред се Европскиот парламент, да ја земе во предвид загриженоста на Косово поради инцидентот во Србија.
Автобусот бил каменуван минатата недела во близина на Крушевац, пришто немало повредени туку биле причинети само материјални штети, односно било оштетено предното стакло на автобускот на компанијата „Бици Ком“.
Извор: Макфакс