Приштина: Уставниот суд го суспендира договорот за основање на ЗСО
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Уставниот суд на Косово вчера го суспендираше договорот за формирање на заедници на српски општини ЗСО, објави веб страницата на судот.
На вчерашната седница, Уставниот суд на Косово, во врска со барањето за оценка на уставноста на одлуката за формирање на ЗСО, едногласно е донесена привремена мерка со која се спречува спроведување на понатамошни законски мерки во процесот за формирање на ЗСО.
Формирањето на ЗСО е суспендирано се до конечното решение на овој суд, кој треба да ја оцени согласноста на општите принципи на ЗСО со Уставот на Косово.
Косовската претседателка Атифете Јахјага на 30 октомври испрати до Уставниот суд барање за оценка на уставноста на Заедницата на српските општини (ЗСО).
Јахјага тоа го направи во согласност со своите законски и уставни овластувања.
Уставниот суд имал рок од 60 дена да одговори.