Пристапот до информации од јавен карактер е слободен
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Развојот на слободата на информирањето, како основно човеково право, на својата агенда на приоритети ја постави Генералното собрание на Обединетите нации на почетокот на своето формирање во 1946 година. Во Резолуцијата 59 (1), која беше усвоена и објавена, е поставена следнава дефиниција:
„Слобода на информирањето е основно човеково право и основа за сите слободи за кои се бори Организацијата на Oбединетите нации”.
Правото на слобода на информирање и правото на пристап до информациите од јавен карактер се тесно врзани со слободата на изразување или слободата на говор. Во Универзалната декларација за човековите права, донесена во 1948 година, темелот на сите документи од областа на човековите права, кои се применуваат и денес, е ставен во член 19, во кој јасно и недвосмислено се дефинира правото на слободно изразување:
„Секој има право на слобода на мислење и изразување. Ова право ја вклучува и слободата да се застапува одредено мислење, да се бараат, да се примаат и даваат информации и идеи преку различни видови медиуми и без оглед на границите”.
Според ова гледање, слободата на изразување е поставена како нешто што треба да му користи и на оној што ја испраќа
информацијата и на оној што ја прима. Но, идејата граѓаните да добијат пристап до информациите со кои располагаат извршната, законодавната и судската власт во минатото во многу земји од светот не била прифатена.
Преземете го целото издание ТУКА