Притвор и кривични пријави против неколку лица по кражбата во винарската визба во Гевгелија | Правдико

Правдико

   

Притвор и кривични пријави против неколку лица по кражбата во винарската визба во Гевгелија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство во Гевгелија поднесе кривична пријава против две лица од Скопје, Н.В. (46) и М.Р. (49), а кривично пријавени се и лицата И.В. на возраст од 52 години, С.А. (59), А.Х. на возраст од 25 години, Б.Ѓ. на возраст од 53 години, сите од Скопје, и 53-годишниот Б.И. од Прилеп поради постоење основано сомневање дека сториле кривично дело помагање, а во врска со извршување на кривичното дело тешка кражба.

Како што посочија од полицијата на 22 септември минатата година, неколку часа по полноќ 46-годишниот скопјанец Н.В. заедно со 49 -годишниот М.Р., исто така од Скопје, извршиле тешка кражба во простории на винарска визба во Гевгелија.

Тие влегле во канцеларијата на благајникот, која се наоѓала во склоп на винарската визба, и со помош, најверојатно, на оксигенски заварувач се обиделе насилно да ја отворат металната дводелна каса.

„Но, бидејќи не успеале да ја отворат металната врата, ја извлекле од нејзиното лежиште и со оксигенскиот апарат направиле отвор со дијаметар од 20-ина сантиметри. Од дејстувањето со оксигенскиот апарат и високата температура видно биле оштетени, со нагорување, пластични папки со документација, кои биле во внатрешноста на горниот дел од металната каса, а биле нагорени и оставените парични средства во денари. Од металната каса тие успеале да одземат 640.000 денари во разни апоени и 6.950 евра во разни апоени“, се наведува во соопштението на МВР.

По кражбата, М.Р. за соодветна награда, на четвртопријавениот С.А. му дал пет делумно нагорени банкноти од по 1.000 денари да ги замени во Народната банка на Република Македонија по што тој на 24 септември минатата година поднел барање до банката за нивна замена, а три дена подоцна парите му биле сменети.

На 5 октомври минатата година седмопријавениот Б.И. од Прилеп исто така отишол во просториите на Народната банка на Република Македонија со намера да изврши замена на 172 делумно нагорени банкноти од 1.000 денари.

Во просториите на банката при контакт со шестопријавениот Б.Ѓ, кој бил вработен во НБРМ, Б.И. бил упатен замената на банкнотите ја изврши преку менувачница во Скопје, при што вработениеот во НБРМ му овозможил контакт со петтопријавениот А.Х., вработен во менувачница, кој за соодветна награда од 10 проценти истиот ден ги зел делумно нагорените 172 банкноти, а на пријавениот Б.И. му исплатил 155.000 денари во готово, без да му издаде документ.

Исто така, првопријавениот Н.В. на 11 декември минатата година, на третопријавената И.В. ѝ дал 13 делумно нагорени банкноти од 1.000 денари, со цел да ги замени во НБ на РМ. Таа веќе наредниот ден во раните утрински часови пријавила 13 банкноти од 1.000 денари за замена како делумно нагорени, но замената на банкнотите не е извршена.

Набргу потоа тие биле идентификувани и пронајдени. По предлог на јавниот обвинител во Гевгелија, од страна на судија на претходна постапка при Основниот суд Гевгелија на прво, второ и шестопријавените им е одредена мерка притвор во траење од 8 дена, а на трето, петто и шестопријавените им е одредена мерка на претпазливост – задолжително јавување во судот.

Извор:Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико