Притвор од 30 дена за криумчар на мигранти | Правдико

Правдико

   

Притвор од 30 дена за криумчар на мигранти

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Регионалниот центар за гранични работи Југ до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Р.Ф.(41) од Скопје поради основано сомнение за сторено кривично дело “криумчарење на мигранти” по член 418-б став 4 од Кривичниот законик на РМ.

Од страна на судија за претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во времетраење од 30 дена. Како што веќе информиравме на 01.09.2018 година во 17,30 часот на автопатот Гевгелија–Скопје, кај село Прдејци, од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и Граничен надзор Богородица, било забележано патничко моторно возило „Хонда“ со скопски регистерски таблици во кое имало мигранти, како со голема брзина се упатило во правец кон Скопје.

Полициските службеници се упатиле по возилото и после клучката Миравци, возилото запрело, мигрантите излегле од него а возилото продолжило со движење. По кратко време возилото е сопрено, а го управувал Р.Ф.(41) од село Сингелиќ, скопско. Биле пронајдени и 14 лица-мигранти, од кои 11 лица од Авганистан и тројца од Пакистан.

Препорачуваме

Партнери на Правдико