Притвор за 24-годишник заради пронајдена дрога и оружје | Правдико

Правдико

   

Притвор за 24-годишник заради пронајдена дрога и оружје

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 24-годишен жител на село Челопек, Брвеница, поради основано сомнение дека ги сторил кривичните дела  „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи“ од член 396 став 2 во врска со став 1 и „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Во домот на осомничениот, на 29.11.2020 година, околу 17.45 часот, полициските службеници пронашле оружје – автоматска пушка, што на граѓаните им е забрането да го поседуваат и неовластено заради продажба држел 400 грама наркотична дрога марихуана.

Во насока на непречено одвивање на кривичната постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово до надлежниот суд достави Предлог за определување на мерката притвор за осомничениот. Предлогот беше прифатен од Основниот суд Тетово кој со Решение на осомниченото лице му определи притвор во траење од 30 дена.​

Партнери на Правдико