Правдико

   

Притвор за бугарски државјанин за неовластено производство и продажба на наркотични дроги

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово нареди спроведување истражна постапка против државјанин на Република Бугарија поради сторено кривичнoто делo – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори.

Вчера околу 00:15 часот на граничниот премин Табановце, на излез од Република Македонија, за влез во Република Србија, при контрола на патничко моторно возило „пежо 807“ со бугарски регистарски таблички бил откриен бункер со 71 пакетче марихуана. Бункерот бил направен во подот на возилото до задните седишта.

Марихуаната со вкупно нето маса од 17.665,5 грама била спакувана во растителен материјал и полиетиленска вакуум кеса обвиткана со транспарентна растеглива фолија. Осомничениот дрогата ја пренесувал заради продажба.

На осомничениот му одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико