Притвор за бугарски државјанин за шверц на марихуана
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Одреден е 30-дневен притвор за бугарски државјанин во чиј автомобил ноќеска на гранчичниот премин „Табановце“ за излез од Македонија се пронајдени 17,6 килограми марихуана, наменета за продажба.
Основното јавно обвинителство Куманово постапувајќи по поднесената кривична пријава донесе наредба за спроведување на истражна постапка против бугарскиот државјанин за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ од чл.215 став 1 од КЗ.
Како што информираат од Јавното обвинителство, вчера во 00:15 часот, на ГП „Табановце“, на излез од Македонија, за влез во Србија при контрола на патничко моторно возило „Пежо” 807 со бугарски регистарски таблички бил откриен бункер со 71 пакетче марихуана. Бункерот бил направен во подот на возилото до задните седишта. Марихуаната со вкупно нето-маса од 17.665,5 грама, била спакувана во растителен материјал и полиетиленска вакуум кеса обвиткана со транспарентна растеглива фолија. Осомничениот дрогата ја пренесувал заради продажба.
– Имајќи ги предвид околностите, како и тежината на кривичното дело и предвидената казна, надлежниот јавен обвинител оцени дека се исполнети условите за определување мерка притвор од член 165 став 1 т.1 и 3 од Законот за кривична постапка. Од тие причини, до судијата на претходна постапка при Основниот суд Куманово поднесен е Предлог за определување мерка притвор која е прифатена и со Решение на осомничениот му е изречен притвор во траење од 30 дена – се вели во соопштението.
Извор: Нова Македонија