Притвор за десеттемина дрвокрадци кои претепаа полицајци
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Судот определи мерка притвор од 30 дена за десет осомничени лица кои биле вклучени во претепувањето на полициските службеници во Прилеп.
Осомничените минатата недела, околу 20 часот, на стариот пат Прилеп – Велес, над манастирот „Св Ѓорѓија“ во селото Присад, со употреба на сила физички нападнале пет полициски службеници од Полициското одделение Чашка, кои вршеле работи на јавната безбедност што се однесуваат на спречување и откривање кривично дело и фаќање сторители на кривично дело.
Оштетените полициски службеници при вршење службени дејства забележале три моторни возила без регистерски табличкии и ги запреле заради проверка. Притоа, едно патничко моторно возило избегало, а другите две патнички моторни возила, од кои едното „гранд чироки“, а другото „лада нива“, биле сопрени и било утврдено дека се натоварени со бесправно пресечени дрва. Додека полициските службеници изготувале службен материјал во врска со постапувањето, пристигнала поголема група лица, меѓу кои и осомничените, кои почнале со бејзбол-палки, метални шипки, рачки од секири, дрва, камења и други предмети да удираат по петтемина полициски службеници и по службеното возило на полицијата.
Од ударите на еден од полициските службеници му нанеле тешки телесни повреди – скршеница на десната рака и фрактура на главата со обилно крвавење, а другите оштетени добиле телесни повреди изразени со набиеници на главата и телото.
Извор: Макфакс