Правдико

   

Притвор за дилер на дрога од Албанија

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против 26-годишен државјанин на Република Албанија поради неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Тој на 19 октомври неовластено заради продажба пренесувал наркотична дрога марихуана во количина од 9,97 килограми, која била спакувана во 12 пакувања и скриена во багажниот простор од автомобил „мерцедес“ со албанска регистарска ознака. При вршење контрола од страна на службените лица од Царинската управа на граничниот премин Богородица дрогата е пронајдена и одземена.

„Ценејќи дека постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство или повторување на кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основен суд Велес поднесе предлог за определување на мерката притвор против осомничениот. Предлогот е прифатен од судот и на осомничениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена“, соопшти обвинителството.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико