Притвор за дилер од Албанија, бил фатен со дрога во Струга
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Судот определи 30 дневен притвор за државјанин на Република Албанија поради неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.
При претрес извршен во петокот, во близина на магистралниот пат, во правец од Ќафасан кон Струга, во торбица кај осомничениот биле пронајдени 14.875,05 грама марихуана, која тој ја држел неовластено заради продажба.
Јавниот обвинител по донесување на Наредбата за спроведување на истражна постапка , до Основниот суд Струга достави предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице.
Извор: Макфакс