Правдико

   

Притвор за двајца за тешка кражба во Битола

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Осомничените, на 14 октомври, како соизвршители отишле во продажен салон за бела техника во Битола, претходно договорени со намера противправно да присвојат туѓи подвижни предмети.

Откако влегле во таванскиот простор, тие направиле отвор низ кој едниот од нив се спуштил во продажниот салон и одзел повеќе мобилни телефони и дигитални фотоапарати од разни марки во вкупна вредност од 901.311 денари. Украдената стока ја додавал на другиот осомничен и заминале од местото. По кратко време, украдените предмети, двајцата осомничени со возило на трето осомничено лице ги однеле во Скопје за да ги продаваат.

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против тројцата, од кои две лица се гонат за сторено кривично дело – Тешка кражба од чл. 236 став 1 точка 1 во врска со член 22, а за третото осомничено лице, според досега собраните докази,  се води  постапка за сторено кривично дело – Прикривање од член 261 став 1 од Кривичниот законик.

Против двајцата соизвршители поднесен е предлог за определување на мерката притвор, бидејќи јавниот обвинител ценеше дека се исполнети законските основи. Судот го прифати предлогот и на двајцата осомничени е определен притвор во траење од осум дена.

Партнери на Правдико