Притвор за две лица за криумчарење мигранти
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.На 18.11.2016 година околу 08,00 часот во с.Бориево, Општина Босилово, од страна на полициски службеници од ПС за ГП на ГН-Ново Село и СВР-Струмица, било запрено ПМВ„Ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.И.(20) од Скопје, а како совозач бил У.Х.(22) од с.Радање-Штип.
Во возилото биле затекнати седум лица-мигранти од Сирија. Лицата С.И. и У.Х. се приведени, против истите е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ по што од страна на судија на претходна постапка одредена им е мерка притвор во траење од по 30 дена. Лицата се предадени во КПУ-Затвор Скопје.