Притвор за гостиварецот осомничен за убиство во Гостивар | Правдико

Правдико

   

Притвор за гостиварецот осомничен за убиство во Гостивар

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

policaecПо предлог на надлежен јавен обвинител, судија на претходна постапка определи мерка Притвор во траење од 30 дена за лицето кое само се пријави во полициска станица како учесник во завчерашното пукање во Гостивар кога животот го загуби 26-годишен гостиварец.

Основното јавно обвинителство – Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лицето за сторено кривично дело Убиство од член 123 од Кривичниот законик.

За расветлување на кривично правниот настан веќе се издадени повеќе наредби за вештачење на подигнатите материјални траги и предмети, огненото оружје и возилото на осомничениот.

Препорачуваме

Партнери на Правдико