Притвор за кумановската докторка која барала поткуп од 200 евра од пациенти за да ги оперира | Правдико

Правдико

   

Притвор за кумановската докторка која барала поткуп од 200 евра од пациенти за да ги оперира

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Кумановското обвинителство поведе постапка против кумановска докторка на возраст од 51 година, вработена во „Општа болница Куманово“- очно одделение, поради злоупотреба на службената положба и овластување и примање мито.

„Осомничената директно побарала и примила корист за себе, парични средства, за да изврши службено дејствие што морало да се изврши. Таа во два наврати, на свои пациенти, им побарала износ од по 12.000,00 денари за да им изврши операција на катаракта, под изговор дека ваквите средства ѝ се неопходни за набавка на леќи, иако леќите ги набавува самата болница, а оштетените не биле должни да го платат наведениот износ, односно требале да платат само партиципација. Побараниот паричен износ пред да бидат извршени операциите, оштетените ѝ го платиле директно на рака на обвинетата, при што не добиле никаква потврда за уплатата“, информираат од Обвинителството.

Судот со решение определи мерка притвор во траење од осум дена.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико