Притвор за лице во Кичево кај кое беше пронајдена марихуана
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомневање дека сторило кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
При претрес во домот на осомничениот во Кичево, во подрумска просторија на улицата Мехмед Мехмеди биле пронајдени 1.309,27 грама марихуана, завиткана во повеќе најлонски и мали зипер-вреќички. Од осомничениот била одземена и дигитална вага.
Надлежниот јавен обвинител достави до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Гостивар предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судот го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.
Извор: Макфакс