Притвор за осомничен за полов напад врз сопствената малолетна сестра | Правдико

Правдико

   

Притвор за осомничен за полов напад врз сопствената малолетна сестра

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 19-годишен жител на селото Дреново, осомничен дека сторил кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.

Осомничениот искористил момент додека бил сам во домот со неговата 11-годишна сестра, па врз неа извршил други полови дејствија.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Кавадарци достави предлог за опртеделување мерка притвор за осомниченото лице. Судијата го прифати предлогот и со Решение на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.​

Партнери на Правдико