Притвор за полицаец кој не сакајќи застрелал двајца пријатели додека играле фусбал во Вејце | Правдико

Правдико

   

Притвор за полицаец кој не сакајќи застрелал двајца пријатели додека играле фусбал во Вејце

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Надлежен јавен обвинител од тетовското основно јавно обвинителство поведе постапка против полицаец поради сомнение дека сторил две кривични дела, односно „тешки дела против општата сигурност“ и „предизвикување општа опасност“.

Како што информираат од обвинителството, настанот се случил на 11 март во 23 часот во флиперница во село Вејце, кога осомничениот заедно со двајца пријатели, сега оштетени, играл фусбал. При тоа, осомничениот го извадил пиштолот од појасот за да не му падне и сакал да го префрли на другата страна. Во тој момент бил испукан еден куршум во правец кон двајцата оштетени.

Со куршумот еден од оштетените бил погоден во вратот, а потоа и лицето кое стоело зад него во пределот на градниот кош.

Во врска со овој случај, основниот суд Тетово на полицаецот му изрекол мерка притвор во времетраење од 8 дена.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико