Притвoр за полицаецот што зел поткуп од Холанѓанец
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Надлежен судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во времетраење од 8 дена на приведениот полицаец, кој зел поткуп од холандски државјанин за да не му пише прекршок.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, во соработка со Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди на 22.09.2019 околу 13 часот го приведе А.Б., бидејќи на 21.09.2019 околу 16:20 часот, на регионалниот пат Маврови Анови – Дебар, А.Б. надвор од работното време, облечен во полициска униформа, запрел патничко возило „киа“ со охридски регистарски ознаки, што го управувал холандскиот државјанин П.В.Н.(61) и за наводен сообраќаен прекршок му зел поткуп од 20 евра.
Извор: Макфакс