Притвор за разбојник од Кочани кој ограбил казино, па бил фатен на граница | Правдико

Правдико

   

Притвор за разбојник од Кочани кој ограбил казино, па бил фатен на граница

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Кочанското Основно јавно обвинителство нареди истрага против осомничен, кој на 22 декември во казино на кочанската улицата Маршал Тито употребил сила врз двајца вработени и одзел 76.400 денари.

Тој се товари за сторено кривично дело разбојништво.

Како што информираат од Обвинителството, кога вработена во казиното од апарат за игри на среќа извадила кутија со пари, осомничениот ѝ пришол, на сила почнал да ја турка и да ја влече кутијата. При обидот да ѝ ја одземе кутијата ѝ нанел и повреди на рацете.

Друг вработен се обидел да ја заштити својата колешка, но осомничениот и него почнал да го удира, турка и влече. Кога ја зел кутијата во која имало пари од разни валути, осомничениот излегол од казиното и побегнал упатувајќи се кон граничниот премин со Бугарија кај Делчево, со намера да ја напушти државата.

Таму бил забележан и уапсен од страна на полициските службеници.

Надлежниот јавен обвинител ги ценел сите околности во случајот, особено опасноста од бегство на која упатува однесувањето на осомничениот веднаш по настанот и фактот што тој од 2009 година имал пријавено престојувалиште во Италија, каде што живее негов близок роднина и каде што имал намера да замине со семејството.

Покрај тоа, обвинителот оценил дека постои опасност осомничениот да влијае врз сведоците во постапката, па до судијата на претходна постапка доставил предлог за притвор, која судот ја прифатил и одредил притвор во траење од 30 дена.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико