Правдико

   

Притвор за разбојникот кој се обиде да одземе мобилен телефон на случаен минувач

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

Осомничениот на 16 мај годинава, околу 22.00 часот на бул. „Крсте Петков Мисирков“ со употреба на сила се обидел да одземе туѓ подвижен предмет – мобилен телефон марка „Ајфон С6“ во вредност од околу 40.000,00 денари. Тој се приближил до оштетената и започнал со тупаници да ја удира по главата и телото обидувајќи се да и го одземе мобилниот телефон кој таа го држела во рака. Откако жртвата дала отпор, сторителот насилно ја бутнал на земја и продолжил со физичкиот напад влечејќи ја за чантата. Но поради отпорот на оштетената и нејзиното силно довикување за помош, осомничениот се откажал од намерата и побегнал.

Надлежен јавен обвинител ценеше дека се исполнети законските одредби, па до Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за определување на мерка притвор за осомниченото лице. Предлогот на обвинителството беше прифатен  и со Решение на осомничениот му е определен притвор во времетраење од 30 дена.

Партнери на Правдико