Притвор за штипјанец кој нападнал и ограбил старица | Правдико

Правдико

   

Притвор за штипјанец кој нападнал и ограбил старица

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

СВР Штип  поднесе кривична пријава до ОЈО Штип против 27-годишен штипјанец поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела разбојништво.

Пријавениот во два наврати, на 16.06. и 23.06.2020 година со намера за себе да прибави противправна имотна корист со употреба на сила и подесен предмет ја отворил влезната врата од куќа на ул. Личка  во Штип, сопственост на 81-годишната Р.Ј. од Штип, влегол внатре и во двата наврати физички ја нападнал и ѝ одзел златен накит и пари.

Од страна на судија на претходна постапка на Ѓ.М. одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико